Скопската чаршија да биде македонски бренд, порачуваат стопанствениците

Од:

Старата скопска чаршија не смее да остане локален предизвик, место кое периодично ќе го буди интересот на граѓаните и туристите. Од неа треба да направиме бренд, регионалната алка за светската понуда, порачаа денеска бизнисмените – членови на Македонско-бугарската стопанска комора и Стопанската комора на северозападна Македонија.

Во Чаршијата, нагласија, мора да се вратат старите семејни бизниси кои биле традиција и ја правеле препознатлива преку интензивно промовирање на економските вредности.

– Не треба да бидеме задоволни што по толку години стагнација, се враќа животот во Старата чаршија. Напротив, ова место треба да биде постојано атрактивно, занаетите повторно да станат дел од туристичката понуда, посочи претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора Зоре Темелковски.

Секој во чаршијата, додаде, треба да зборува на својот јазик, а заеднички да се разбираме преку културата. На чаршијата и требаат улица на сликарството, место за традициите, но и за високата мода, патека на кебапите, но и поразновидна ориентална кујна.

Според извршниот директор на Стопанската комора на северозападна Македонија Арбен Халили, Чаршијата, не само што е најголема на Балканот, туку предничи и по вредностите.

– Затоа сме заинтересирани да заживее на соодветното ниво, да се поддржат пред се семејните бизниси кои биле нејзина традиција. Но, тука придонес мора да даде и државата, да се подобри инфраструктурата, да се забрза изградбата на Коридорот 8 и патот Скопје-Приштина што ќе овозможи развој на бизнисот и секако, поголем број туристи, подвлече Халили.

Стопанствениците ќе иницираат идеја за регионално поврзување на сите чаршии од Балканот зашто така било со векови. Јасна е, како што потенцираа, потребата од деловно поврзување со балкански продукт.

Од идната година, предлагаат, да се направи едномесечна или двомесечна програма што ќе се промовира преку флаери на аеродромите или граничните премини за туристите да се запознаат со активностите, содржините во Чаршијата.

Тие ја најавија и претстојната манифестација „Чаршијата и пријателите“ што ќе се одржи во сабота, на 20-ти септември, на повеќе локации во Турската чаршија. Културни перформанси, бизнис средби, неформални контакти и дружења се дел од програмата на манифестацијата.

Бизнисмените имаат целосна поддршка од Општина Чаир зашто, според градоначалникот Изет Меџити, иако моќеби Чаршијата е раздвижена, се уште недостигаат активности кои би го вратиле нејзиниот полн сјај во секоја смисла.

– Потребни се уште идеи за привлекување што повеќе наши луѓе, но и туристи од странство, смета Меџити.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов