Скопјани ќе имаат парно, државата ќе управува со БЕГ за до крајот на грејната сезона да нема проблеми

Од:

Владата преку Електрани на Северна Македонија ќе управува со БЕГ до крај на грејната сезона. Ова е одлуката која ја донесе државата со цел скопјани да имаат парно и тоа да не се исклучи од вечерва, како што беше најавено од БЕГ поради немање на гас. ТЕ-ТО е задолжено да произведува и дополнителна електрична енергија, соопшти министерот за економија, Крешник Бектеши.

„Утре ќе има парно греење и ќе имаат до крај на грејната сезона. Сите други одлуки се дел од решенијата кои ќе ги донесеме, како и мерките, финансиските средства кои треба да се обезбедат за мерките да се спроведат. До крајот на грејната сезона нема да има проблем со греењето“, рече вицепремиерот Фатмир Битиќи.

„Меѓу ЕСМ и ТЕ-ТО има договор, а идната недела ќе се потпише договорот за ЕСМ да управува со БЕГ. Договорот за испорака на вишоци електрична енергија, потпишан е денеска“, рече Бектеши, што значи дека ТЕ-ТО ќе дава гас на БЕГ за скопјани да имаат топлинска енергија.

БЕГ и натаму ќе има лиценци, обзнани претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Беслимовски. Тој вели дека БЕГ ветиле и подобрување со снабдувањето, а откако во изминатиот период дел од граѓаните се жалеа на млаки, наместо топли радијатори. Беслимоски е лут на експертите, кои реагираа дека може да се очекува големо покачување на парното поради покачувањето на цената на гасот.

„Во изминатиот период имаше најризични очекувања и најави дека ќе се случи апокалипса со топлинската енергија. Кризата со која се соочува со Европа ќе заврши со едноставно поскапување од 14 проценти. Во наредниот период ќе има одлука со која ќе се определи реална цена на топлинската цена, а разликата со постоечката цена, ќе се надокнади од Владата“, рече Беслимоски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Омилената српско-бугарска компанија на Изет МегаВин Меџити веќе седум години нелегално организира онлајн коцкање

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Горан Наумовски