Скандинавскиот гигант „Арла“ на удар од рускиот бојкот

Од:

Шведско-данскиот гигант за млечни производи „Арла“ внимателно го следи развојот околу рускиот бојкот на прехранбени продукти од ЕУ, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Русија е важен пазар во однос на стратегијата за раст на „Арла“, при што продажбата на годишно ниво на рускиот пазар пораснала на преку милијарда круни (над 110 милиони евра).

– Се уште не знаеме дали и како тоа ќе има влијание врз нас, вели Теис Брогер, шеф за информирање при „Арла“ за весникот „Свенска дагбладет“. Лани „Арла“ го зголеми обемот на пласманот на своите производи во Русија за 35 отсто.

– Засега нашата дејност во Русија се одвива вообичаено без застој, затоа не сакаме ни премногу да шпеклираме околу можни сценарија, вели Теис Брогер. Синдикалната организација на шведските производители на храна „Ливсмеделсфортаген“ смета дека рускиот бојкот би можел да има сериозни последици врз одделни шведски претпријатија.

Би можело да ве интересира

Завршија руско-американските разговори во Истанбул

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Кремљ вели дека нема шанси за враќање на окупираните територии на Украина

Северна Кореја испрати повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

„Фајненшл тајмс“: Резолуцијата за Украина ги обединува САД, Русија и Кина против Европа

Нов состанок на Русите и Американците утре во Истанбул

Катерина Ѓуровски