Невиден скандал во Собранието на надзорната расправа за субвенциите. Градоначалникот на Демир Капија, Трајче Димитриев, викан Апашот, со недолично однесување ја вжешти атмосферата во Собранието.
„Си се зае.ал“, вака Димитрев му се обрати на пратеникот Јани Макрадули кој покажуваше документи, за како штп рече, злоупотреба од страна на градоначалникот.
„Доста бе. А бе тргни се“, ова беше вокабуларот на градоначалникот кон пратениците, кои реагираа на неговото однесување.