Синдикатите на преговори: Работникот бара 100 евра покачување, а не 600 денари како што нуди Владата

Од:

Синдикатите влегоа на преговори во Владата за платите на државната администрација, но немаат преголеми очекувања за приближување на ставовите затоа што наспроти залагањето на министерот Фатмир Бесими за наоѓање на системско решение преку нова метологија која ќе се имплементира во рок од две години, работниците нема да ги добијат своите покачувања веднаш.

– Македонскиот работник го интересира колку ќе зема плата во овој момент, колку ќе му се качи, она што се предлага од 2025 до 2028 година не е прифатливо. Па во 2027 година 30 отсто можеби ќе отидат во пензија, 20 % ќе отидат во странство, за кого ќе важи оваа плата тогаш.
Ние треба кога ќе се вратиме кај колегите од образование, железници, да им кажеме на работниците колку ќе земаат во бројка.

Ти ќе земеш како наставник 3000 денари, ти како вработен во образование толку. Ова што го предлагаат: минимална плата по коефициент, по просечна плата во бруто плата, по бодови, ние не можеме да се снајдеме, ниту тие не можат да објаснат – рече Марјан Ристески, претседател на Конфедерацијата на синдикални организации (КСОМ).

Тој додаде дека покачување од 600 до 1.000 денари е неприфатливо за работниците и не сака да верува дека владата со овие преговори само купува време.

– Убаво е да се донесе методологија за раст на платите, но за да се спроведе, треба да се сменат околу 20 закони, не е само да се донесе правилник и толку. Па ние во земјава земаме плата пресметана според 50 до 80 начини. Не може ова преку ноќ да се мени. Како ќе им објаснам на луѓето, тие штрајкуваат за 30 % повисоки плати. Сега бараат 100 евра, а ние ќе им речеме еве добивме од Влада 600 денари. Па ќе не избркаат нас како синдикалци – истакна Ристески.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Се подготвува голема реконструкција на Владата на Србија

Горан Наумовски

Протестите се малициозни и политички мотивирани, нова реакција од Владата на протестите на УПОЗ

СДСМ: Владата итно да обезбеди целосна рамноправност меѓу вработените во јавниот сектор

ВИДЕО: За Владата протестите на УПОЗ се незаконски и политички мотивирани

Катерина Ѓуровски

Законот ќе биде доработен и вратен во Собрание, најавуваат од Владата по ветото на Сиљановска

Катерина Ѓуровски

Просечната нето плата во октомври била 42.134 денари