Силва: Буџетот на Португалија за 2013 година пред Уставниот суд

Од:

Португалскиот претседател Анибал Каваку Силва вчера изјави дека буџетот за 2013 година ќе го испрати во Уставниот суд. Буџетот предвидува стого штедење, што предизвикува сомневања во неговата „праведност во распределувањето на саможртвите“, пренесоа француските медиуми.

Во својот синоќешен новогодишен говор на телевизијата претседателот изјави дека на негова иницијатива судот ќе биде повикан да се произнесе за согласноста на буџетот со Уставот на републиката.

Седумдесет и тригодишниот претседател, кој доаѓа од владеачката либерална Социјалдемократска партија на премиерот Педру Пасуш Коељо, ги повика Португалците да се обединат во своите напори. „2103 година ќе биде тешка. Реализацијата на буџетот ќе доведе до намалување на доходите на граѓаните, покажувајќи драстично зголемување на даноците со намалување на социјалните трошоци. Сите ќе бидат засегнати, но некои повеќе од другите, што ги раѓа сомневањата во праведноста на поделбата на напорите“, изјави претседателот.

Одобрен од парламентот на крајот на ноември, буџетот во петокот беше потпишан од претседателот, и тој вчера официјално влезе во сила.

Претседателот ја оправда својата одлука да го потпише буџетот затоа што според него „без тоа земјата ќе беше лишена од најважниот инструмент на економската политика со кој располага, и последиците на меѓународен план ќе беа крајно негативни“.

Повеќе партии од крајната левица се изјаснија дека имаат намера да се жалат пред Уставниот суд.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Струјата полека се враќа на Пиринејскиот полуостров, врската меѓу Шпанија и франција можна причина за колапсот

Колапс, долги редици и откажувања на летови – масовни прекини на струја низ Шпанија и Португалија

А1он

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Политико: Португалија се откажа од купувањето Ф-35 поради Трамп

Португалскиот шеф на дипломатијата: Не гледам причина Бугарија повторно да блокира

A1on

Лисабон нема да го поддржи планот на ЕУ за намалување на потрошувачката на гас за 15 проценти

Ана Ололовска