Швајцарската компанија Трафигура стана мнозински сопственик во „Еуромакс ресоурцес“

Од:

Инвестициската група Galena Resource Equities Limited („Galena“), која е подружница на Trafigura Group купи нови акции од компанија Еуромакс Ресорсис, концесионер на рудникот за бакар „Иловица – Штука“. Од последното соопштение на компанијата „Еуромакс ресоурцес“ станува јасно дека сега Трафигура има значително зголемен удел во Еуромакс и веќе поседува мнозински пакет од 50,20%.

Претходно, „Галена“ поседуваше 46,16% од акциите во Еуромакс, но со последната транша акциите се зголемени на приближно 50,20%. Како што се наведува во соопштението, последната транша тежела 691.969 американски долари.

Galena Resource Equities Limited е фирма во сопственост на Galena Asset Management S.A., која е инвестициска гранка во целосна сопственост на Trafigura Group, водечка светска трговска фирма за стоки, и е овластена и регулирана од страна на Швајцарската агенција за надзор над финансискиот пазар (FINMA). Повеќе од една деценија Galena работи на финансиските и стоковите берзи, овозможувајќи им на водечките институционални инвеститори пристап до можностите за инвестирање заедно со Trafigura Group преку фондови или управувани сметки.

„Трафигура“ пак е мултинационална компанија со регионални центри на повеќе континенти. Главното седиште за Европа е во Женева, Швајцарија, а потоа следуваат и Хјустон, САД, како и Монтевидео за Јужна Америка, но и Мумбаи во Индија. Компанијата, освен со метали, се занимава и со енергенси, а е основана во 1993 година. „Трафигура“ се наметнува и како најголемиот приватен трговец со метали во светот и втор по големина трговец со нафта, која опстојува во економиите на 36 земји, со отворени преку 65 канцеларии.

Компанијата Еуромакс Ресоурцес во моментов во Македонија е фокусирана на изградба и функционирање на проектот за рудник за бакар во Иловица.

Би можело да ве интересира

Арбитражите остануваат значаен ризик за економијата на Македонија

Кој ќе ја плаќа отштетата за пропаднатите рударски инвестиции?

А1он

(ВИДЕО ) „Еуромакс ресоурцес“ со последна опомена до власта да го почитува законот, пред да почнат арбитража тешка милијарди евра

A1on

„Еуромакс Ресоурцес“ со писмо до амбасадите: Меѓународните инвеститори не можат да имаат доверба во оваа Влада и држава

Еуромакс Ресоурцес: Сите судски постапки во однос на концесијата „Иловица 6“ решени се во наша полза, Владата е должна да донесе одлука по барање за спојување на концесиите

Горан Наумовски

Еуромакс Ресоурцес: За да доставиме ревидирана и дополнета Студија за влијание врз животната средина неопходно е претходно да се донесе одлука за спојување на концесиите

Горан Наумовски