Еуромакс Ресоурцес: Сите судски постапки во однос на концесијата „Иловица 6“ решени се во наша полза, Владата е должна да донесе одлука по барање за спојување на концесиите

Од:

Сите судски постапки иницирани од активностите на Владата во однос на концесијата „Иловица 6“ сега се решени во наша полза, Владата е должна да донесе одлука по нашето барање за спојување на концесиите „Иловица 6“ и Иловица 11“, согласно последната пресуда на Вишиот управен суд донесена на 24 ноември 2023 година, порачува концесионерот „Еуромакс Ресоурцес“.

Од тука истакнуваат дека вишиот управен суд донесе пресуда по тужбата на Еуромакс Ресоурцес по одлуката за одбивање од страна на Министерството за економија на нивното барање за дозвола за експлоатација за концесијата „Иловица 6“. Со оваа финална пресуда на Вишиот управен суд, како што се наведува, се уважува тужбата на компанијата и се поништува оспорената одлука на Министерството за економија.

Во рамки на пресудата, Вишиот управен суд повторно, како и во 2020 година, нагласува дека не само што носењето одлука за барањето за спојување на концесиите за „Иловица 6“ и „Иловица 11“ претставува претходно правно прашање, туку исто така се наведува дека Владата е должна да донесе одлука за барањето за спојување на концесиите (барање од јануари 2016 година), велат од „Еуромакс Ресоурцес“

„Сите наши правни административни процеси иницирани пред управните судови со кои беа оспорени владините одлуки во врска со концесијата Иловица 6 сега се разрешени во наша полза. Вишиот управен суд утврди дека Владата има обврска да донесе одлука за барањето за спојување на двете концесии, и исто така посочи дека Еуромакс ги има исполнето сите законски барања за тоа да биде позитивно одлучено. Ние веруваме дека сега Владата има целосен правен легитимитет за повторно да го стави одлучувањето по основ на барањето за спојување и при тоа повторно да одлучи во корист на Проектот.“ вели претседателот на Одборот на директори и главен извршен директор на Еуромакс Ресоурцес Лтд, Тим Морган – Вин.

Дополнително, како што потенцираат, компанијата минатата недела испратила писмо до министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, обврзувајќи се дека при експлоатација на минералните суровини во идниот рударски комплекс „Иловица – Штука“, нема да се користи цијанид согласно Законот за минерални суровини; компанијата, понатаму, се заложува за технологија на „суво јаловиште“ при менаџирањето на отпадот од рудникот и се обврзува на изградба на нов водоводен систем за потребите на локалното население.

„Доколку Владата го одобри барањето за спојување на двете концесии и се продолжи во исполнување на сите законски обврски, ние забрзано ќе го интезивираме развојот на Проектот Иловица-Штука, испорачувајќи моќни економски користи, и истовремено дозволувајќи сенката од евентуална меѓународна арбитража целосно да исчезне.“ додаде претседателот на Одборот на директори и главен извршен директор на Еуромакс Ресоурцес Лтд, Тим Морган – Вин.

Би можело да ве интересира

Кој ќе ја плаќа отштетата за пропаднатите рударски инвестиции?

А1он

(ВИДЕО ) „Еуромакс ресоурцес“ со последна опомена до власта да го почитува законот, пред да почнат арбитража тешка милијарди евра

Орце Костов

„Еуромакс Ресоурцес“ со писмо до амбасадите: Меѓународните инвеститори не можат да имаат доверба во оваа Влада и држава

Еуромакс Ресоурцес: За да доставиме ревидирана и дополнета Студија за влијание врз животната средина неопходно е претходно да се донесе одлука за спојување на концесиите

Горан Наумовски

Еуромакс Ресоурцес со писмо до МЖСПП: Во рудникот „Иловица – Штука“ нема да се користи цијанид, планираме „суво јаловиштe“ и нов водоводен систем за локалното население

Патот до одговорно рударство и одржливост на проектот „Иловица-Штука“