Швајцарска банка ќе и плати на Франција 238 милиони евра за да избегне тужба

Од:

Швајцарската банка Креди Суис се согласи да плати 238 милиони евра на Франција за да избегне кривично гонење за измама, соопшти денеска надлежен суд во Париз.

Банката се согласи на плаќање за да избегне тужба за прикривање даночно затајување од страна на нејзините клиенти во Франција помеѓу 2005 и 2012 година.

Судот наведе дека швајцарската банка ќе избегне тужба во Франција и ќе го реши спорот со даночните власти на кои ќе им плати отштета од 115 милиони евра, а на судот 123 милиони евра.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ле Пен повикува на востание

Жан-Ноел Баро: Франција нема да се двоуми повторно да воведе санкции врз Иран

(ВИДЕО) Хорор во џамија во Франција: Го избодел 50 пати, снимал и праќал на колеги

(ВИДЕО) Инцидент во Франција: Ученик избодел соученици, најмалку едно лице е убиено, четворица се тешко ранети

Голем број богати Американци отвораат сметки во швајцарските банки

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел