Швајцарија очекува пад на БДП од 6,7 проценти

Од:

Швајцарската Влада предвидува пад на нејзиниот БДП од 6,7 отсто за оваа година, наведувајќи дека рецесијата, предизвикана од пандемијата на коронавирусот, ќе биде полоша отколку што се стравуваше во март.

Државниот секретаријат за економски работи на Швајцарија (СЕЦО), објави ревидирана прогноза од март, според која се проценува дека економијата, предводена од извоз, би требало да порасне за 5,2 проценти следната година.

Во мартовските проекции се проценуваше дека стопанскиот пад во оваа година ќе изнесува 1,5 отсто, по што следната година ќе забележи пораст од 3,3 проценти.

Доколку најновата прогноза се оствари, тао би бик најлошиот пад на швајцарската економија од 1975 година.

Би можело да ве интересира

Голем број богати Американци отвораат сметки во швајцарските банки

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Швајцарија: Царините на САД се неприфатливи, но нема планови за одмазднички мерки

Милијарди евра руски пари се „замрзнати“ во Швајцарија

Заемот од централната банка од 50 милијарди франци ги зголеми акциите на Credit Suisse за 30 отсто

Горан Наумовски

Швајцарската национална банка со рекордни загуби во 2022 година

Ана Ололовска