Швајцарија му даде уште време на Северен поток 2 за подмирување на финансиите

Од:

Швајцарија на операторот на гасоводот Северен поток 2, што требаше да ги удвои испораките на руски гас во Европа, му го продолжи рокот за подмирување на финансиите, одложувајќи го започнувањето на стечајот.

Северен поток 2 со седиште во швајцарскиот кантон Цуг, обезбеди мораториум на отплата на долгот на суд, објави вчера Швајцарскиот службен весник за трговија (SHAB).

Швајцарските власти соопштија дека компанијата поради санкциите дошла до големи финансиски потешкотии, додавајќи оти банкрот може да се прогласи веќе во март. Околу стотина нејзини вработени во Цуг, веќе се отпуштени.

„Норд стрим 2 АГ“ (Nord Stream 2 AG) во голем дел е во сопственост на рускиот Газпром, акционери се и германската „Винершал Деа“ (Wintershall Dea), ПЕГ Инфраструктура на германската Е.ОН, холандската „Нидерланс Гасун“ (Nederlandse Gasunie) и француската ЕНГИЕ (ENGIE), пишува на интернет страницата на компанијата.

Работењето во Европа е блокирано, откако САД воведе санкции против операторот на гасоводот, поради руската инвазија врз Украина.

Би можело да ве интересира

Голем број богати Американци отвораат сметки во швајцарските банки

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Швајцарија: Царините на САД се неприфатливи, но нема планови за одмазднички мерки

Милијарди евра руски пари се „замрзнати“ во Швајцарија

Заемот од централната банка од 50 милијарди франци ги зголеми акциите на Credit Suisse за 30 отсто

Горан Наумовски

Швајцарската национална банка со рекордни загуби во 2022 година

Ана Ололовска