Штрајк во Рајанер, откажани 600 летови

Од:

Екипажот на нискобуџетната ирска компанија Рајанер започна штрајк во четири европски земји поради, како што наведуваат, лоши услови за работа.

Поради штрајкот илјадници патници прават измени на плановите за летање во екот на туристичката сезона.

Синдикатите во Португалија, Шпанија, Белгија и Италија тврдат дека Рајанер или неговите подружници вработуваат работници преку договори поврзани со земји каде што не се стационирани и на тој начин им го намалуваат надоместокот за време на отсуството, што резултира со разлики во приходите и отежнување на пристапот на работниците до бенефиции.

Како одговор, ирската компанија ги објави платите за јуни на својата веб-страница. Рајанер тврди дека пилотите и екипажот се добро платени во Португалија, Шпанија и Белгија, трите земји каде што најпрво почна штрајкот.

Соопштено е дека на 50.000 клиенти, поради откажани 600 летови за два дена, понудени им се други билети или целосно враќање на парите.

Компанијата поседува флота од 450 авиони кои оперираат од 87 бази.

Би можело да ве интересира

Рајанер очекува во летните месеци пополнетост на авионите до 94 отсто

Ана Ололовска

„Рајанер“ предупредува на зголемени цени и веројатно доцнења на летовите во текот на летото

Ана Ололовска

„Рајанер“ има 95 отсто помали приходи во однос на минатата година

Ана Ололовска

„Рајанер“ ќе отпушти 3.500 вработени ако не прифатат пониски плати

Ана Ололовска

Рајанер планира да укине 500 до 700 работни места

Поради штрајк приземјени повеќе авиони на „Рајанер“ низ Европа

Наум Локоски