Штрајк на машиновозачите, возовите запираат

Од:

Синдикатот на машиновозачите во Македонски железници почна со штрајк.

Независниот синдикат на машиновозачи при АД „Транспорт- Македонски железници“ прекина со работа и започна  штрајк поради суспензијата на нивниот лидер, Ристо Пејовски.

Машиновозачите  дежураат пред капијата на „МЖ-Транспорт“ и се децидни,  дека нема да отстапат  од таму додека Пејовски не се врати на работа. Дотогаш и возовите ќе стојат, а на штрајкот очекуваат да им се придружат и нивни колеги од 7-те синдукални организации.

Му порачаа на генералниот директор на железници Оливер Дерковски дека ќе продолжат со штрајкот се додека нивниот синдикален лидер не се врати на работа.

Тие се жалат и на секојдневни  притисоци и мобинг . Директорот пак  Оливер Дерковски ги демантира тврдењата и  вели дека Пејковски е суспендиран заради нарушување на угледот на фирмата. Според Дерковски  застој во железничкиот сообрајќај нема да има.

Според него Независниот синдикат  е нерепрезентативен, бидејќи имал само 70 членови, а нивниот водач веќе неколкупати бил пред отказ, и дека овој пат нема да попушти,   Пејовски дефинитвно ќе има отказ.

 

 

Би можело да ве интересира

Бочварски: Правиме либерализација на железницата оти граѓаните плаќаат 25 милиони евра, а не добиваат услуги

A1on

Попуштените мостови и расипаните возови не се пречка: Македонија ќе гради брза пруга од Скопје кон Ниш

A1on

Владата ќе ги спасува Железници од банкрот: Ќе купи нови акции вредни 15,6 милиони евра

A1on

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

A1on

Втор ден не сообраќа возот на релација Велес-Прилеп-Битола и обратно

Директори им се закануваат на машиновозачите со откази наместо да делат плата: „Нашата плата е 23.000, а не 60.000 денари“

Горан Наумовски