Што можеме да научиме од најбогатите луѓе?

Од:

Дали чашата е полупразна или полуполна? Ако во вашата чаша недостасува половина содржина, ќе мора да научите да размислувате поинаку! За да успеете, без разлика дали целта ви е да имате девет прекрасни деца или девет автомобили во двор на вила со базен, главен фактор не се ни капиталот ни образованието. Се што ви треба е да имате вистински поглед на светот.

Важно е да се има цел

Успехот нема да се случи, мора да го заработите, како и парите. До успех (и пари) водат многу скалила, а на патот ќе наидете и на понекој излез од тие скалила. За да го остварите тоа што сте го замислиле, мора да останете на вистинскиот пат, а да знаете кој пат е вистински, мора да ја знаете својата крајна цел. И имајте ја на ум кога донесувате одлуки за своите дневни активности, трудот и времето кое го вложувате во нешто.

Приликите создаваат проблеми

Каков ви беше денешниот ден? Ако тоа што наутро ви пукнала гумата додека сте доцнеле на работа и сте го носеле детето во градинка, го гледате како проблем, тоа е во ред. Но, ако тоа го гледате само како проблем и не можете да најдете ништо во денот што ви се чини како позитивна последица на тоа што ви се случило, губите енергија на неважни работи. На патот до успехот ќе наидете на пречки, а успешни се тие кои ги преиначуваат во прилики. И добро ги искористуваат. Славната Мадона, на пример, сонувала за танц, дури и добила стипендија за студии за танц на Универзитетот во Мичиген. Преселувајќи се во Њујорк, сфатила дека танцот сепак не е за неа. И се свртела кон тоа што на крај ја направи мега ѕвезда, на пеењето.

Упорноста се исплати

На богатите и успешните луѓе работите не им се случуваат случајно! Никој не станува богат случајно, освен добитник на лото, кој често не останува долго богат. Сакате сами да ја кроите својата судбина? Првиот чекор е преземање на одговорност. Што значи дека, ако нешто не ви успеало, не ги обвинувајте другите за тоа. Не се оправдувајте. Анализирајте се што според ваше мислење требало да го направите поинаку, попишете ги своите грешки и научете од сопственото искуство, а потоа почнете од почеток со ново знаење и позитивен став.

 

Тпортал – Загреб

 

Би можело да ве интересира

Најбогатите луѓе по победата на Трамп побогати за уште 64 милијарди долари

Најбогатиот човек на светот има имот од 233 милијарди долари

Најбогатиот човек на светот изгуби над 10 милијарди евра за еден ден

Ана Ололовска

Некогаш ѕвезда на Арсенал, а сега милијардер: Дури 30 пати е побогат од Кристијано Роналдо

Маск повторно е најбогатиот човек на светот

Ана Ололовска

Илон Маск симнат од тронот, најбогат човек на светот сега е Бернард Арно

Ана Ололовска