Шпигел: ММФ и врти грб на Грција

Од:

„Меѓународниот монетарен фонд веќе не сака финансиски да ја помага Грција, пишува германски „Шпигел“.

Угледниот германски весник, цитирајќи висок дипломат од Европската унија.пишува дека кредиторите на Грција – Европската унија, Европската централна банка и ММФ во моментот прават оценка дали државата ги исполнила преземените ангажмани за реформи.

Грција очекува финансиска инекција, тешка 12,5 милијарди евра, кој во вид на заем би ги добила во во август и во септември.

Во исто време европски дипломат, кој сакал да остане анонимњн, ја демантира информацијата на „Шпигел“.

Тој вели дека ММФ како дел од тројката кредитори, не би изнесувал предвремени заклучоци и проценки.

За време на последната инспекција на 9 јули во Атина меѓународни кредитори изјавија дека Грција не ги исполнила целите и оти е потребно да ги зајакне реформите.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови