Шпански банки во мај позајмиле 176 милијарди евра од ЕЦБ

Од:

Шпанските банки во мај позајмија околу 176 милијарди евра од Европската централна банка (ЕЦБ), што е најголема сума во последните шест години, покажуваат официјалните податоци.

Таа цифра е за околу 8,5 милијарди евра поголема во однос на 167,5 милијарди евра позајмени во април оваа година.

Најголема сума што комерцијалните банки во Шпанија некогаш ја позајмиле од ЕЦБ е забележана во август 2012 година, во износ од 411 милијарди евра, за време на врвот на финансиската криза во Шпанија.

Кон крајот на месецот, се очеува земјите во еврозоната да аплицираат за евтини нови долгорочни линии за финансирање од ЕЦБ, со цел да го намалат влијанието од епидемијата на новиот коронавирус.

Би можело да ве интересира

Два дена хаос во возвите во Шпанија поради украдени кабли

Шпанија e под притисок: Мора да троши повеќе на одбрана

Неколку смртни случаи за време на прекинот на електричната енергија во Шпанија

ВИДЕО: Струјата полека се враќа на Пиринејскиот полуостров, врската меѓу Шпанија и франција можна причина за колапсот

Шпанија прогласи вонредна состојба

А1он

Колапс, долги редици и откажувања на летови – масовни прекини на струја низ Шпанија и Португалија

А1он