Шолц: Германија ќе ја „преживее“ зимата и покрај енергетските проблеми

Од:

Германија е во добра позиција да ја „преживее“ зимата и покрај проблемите на енергетскиот пазар, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.

Шолц вети дека Германија ќе продолжи да се движи „со голема брзина“ во ослободување од Русија во однос на енергентите.

Тој им се обрати на парламентарците во Бундестагот, каде ја критикуваше енергетската политика на поранешната канцеларка Ангела Меркел.

– Германија ефикасно работеше на пополнување на резервите на гас и забрзување на изградбата на терминали способни да примаат течен гас. Резервите на гас се над 86 отсто од капацитетот и ќе се користат за загревање домови, производство на електрична енергија и одржување на индустријата, рече Шолц.

Тој оцени дека, бидејќи подготовките почнале рано, Германија сега може „храбро да се соочи со зимата“ и оти „државата ќе преживее“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Шолц по состанокот во Париз: ЕУ и САД не треба да се делат околу мировните преговори за Украина

А1он

Германскиот канцелар му одговори на Џеј Ди Венс

Предраг Петровиќ

Шолц бара вонредна состојба во Германија

Шолц и неговите партиски соборци лошо котираат кај избирачите