Шефчович: Откажувањето на „Јужен поток“ не е закана за енергетската безбедност на Србија

Од:

Европската комисија не го смета откажувањето на проектот „Јужен поток“ за директна закана за енергетската безбедност на Србија, изјави за српскиот весник „Вечерње новости“ заменикот претседател на Европската комисија Марош Шефчович, јави ТАСС.

ЕК на сегашната ситуација гледа како можност за развој на заедничка стратегија меѓу земјите членки на ЕУ и државите од Енергетската унија, изјави Шефчович, кој исто така е еврокомесар за енергетика.

Европската комисија веќе поддржува гасоводна врска меѓу Белгија и Србија, и други проекти, што претставуваат интерес за Енергетската унија, изјави тој. Реализацијата на тие проекти ќе помогне за диверзификација на доставата на гас и ќе обезбеди сигурност во снабдувањето, изјави заменикот претседател на ЕК. 

Би можело да ве интересира

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Еврокомисија: Намалување на потрошувачката на струја и дополнително оданочување на енергетскиот сектор

Ана Ололовска

ЕК со свој придонес за претстојниот министерски совет на ЕУ за енергија

Ана Ололовска

ЕК: Очекувањата на потрошувачите во ЕУ и во еврозоната на рекордно ниско ниво

Ана Ололовска

Европската комисија ги турка мерките за задолжителни резерви на гас

Ана Ололовска

Националниот совет за евроинтеграции со еден глас: Крајно време е ЕУ да ги започне пристапните преговори за членство

Ана Ололовска