Шефчович: ЕУ нема никаква полза од „Јужниот поток“

Од:

Потпретседателот на Европската комисија задолжен за енергетика Марош Шефчович изјави дека Европската унија не гледа каква дополнителна полза за Европа има во планираниот гасовод „Јужен поток“.

Шефович не гледа полза на гасоводот за ЕУ, како што вели, бидејќи гасот во него е од ист руски извор.

Во интервју за словачкиот весник „Правда“, Шефчович исто така предупреди, дека не е можно да се реализира таков значаен проект, а притоа да не се почитува европската легислатива.

-Европската комисија има две основни забелешки. Првата е дека неможе да се реализира таков значаен проект во ЕУ, а притоа да не се почитуваат европските закони. Тоа не би било прифатено никаде во светот, вели Шефчович.

Друг значаен прашалник за „Јужен поток“, според Шефчович, е прашањето колку тој навистина ќе придонесе за девирзификација на изворите на енергија за Унијата.

– Затоа што станува збор за испорака од ист извор на гас, не гледаме дополнителна полза на таков проект, вели европскиот комесар за енергетика.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он