Шаќири: Еден заеднички и отворен пазар на труд уште повеќе ќе го поврзe регионот на Западен Балкан

Од:

Од Министерството за информатичко општество и администрација велат дека Македонија и земјите на Западен Балкан интензивно работат за ефикасна имплементација на договорите кои ја трасираат целта нашиот регион да стане поврзан, заеднички и отворен пазар.

dobivaj vesti na viber

„На состанокот одржан во Ниш, присуствуваа работни групи од Министерството за економија, Министерството за надворешни работи, Министерството за внатрешни работи, Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и претставници на Институтот за акредитација, на Царинска управа, на Агенцијата за храна и ветеринарство, на Инспекторатот за земјоделство, на Фитосанитарната управа, на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

На средбата беа утврдени наредните чекори преку кои иницијативата „Отворен Балкан“ од следната година ќе овозможи слободен пристап до пазарот на труд.

„Open Balkan ID“ ќе овозможи слободен пристап до пазарот на труд и олеснување на увозот, извозот и движењето на стоките на Западен Балкан, со што на граѓаните од целиот регион им се отвораат бројни поволности“, се наведува во соопштението од МИОА.

Би можело да ве интересира

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он

Шаќири: Буџетот на МИОА за 2022 изнесува 1.323.684.000 денари

Ана Ололовска

Шаќири: Мораме да се грижиме за безбедноста на луѓето во сајбер просторот

А1он

Шаќири: Ревизија на системот на дискрециските овластувања при вработувањата

А1он

Шаќири: Македонија лидер во регионот во процесот на дигитализација

А1он

Министерство за информатичко општество и администрација најтранспарентното министерство во регионот

А1он