Сертификација за зелена енергија: Клучен фактор при избор на снабдувач со енергија

Од:

Во ерата на климатските промени и зголемената еколошка свест, потрошувачите – и индивидуалните и корпоративните – сè почесто бараат енергетски решенија кои се ефикасни, но и одржливи. Сепак, изборот на снабдувач со електрична енергија не се заснова само на цената или стабилноста на испораката – сè поактуелно станува прашањето: Дали снабдувачот обезбедува енергија со гарантирано зелено потекло? Токму затоа постои сертификацијата за зелена енергија како потврда дека електричната енергија потекнува од обновливи извори и како конкретен доказ за одговорноста на потрошувачот и транспаретноста на снабдувачот.

 

Избирањето на снабдувач што користи зелена енергија има бројни предности. Со избирање на снабдувач што користи зелена енергија директно придонесувате покажувате еколошка одговорност и придонесувате кон намалување на јаглеродниот отпечаток и борбата против климатските промени. Ако сте деловен субјект со користењето на сертифицирана зелена енергија испраќате силна порака до клиентите, партнерите и инвеститорите дека вашата компанија не само што ги следи трендовите, туку ги води. Исто така, со избирање на снабдувач што користи зелена енергија придонесувате кон енергетска тразиција – поттикнувањето на побарувачката за зелена енергија ја охрабрува понатамошната изградба на капацитети за обновливи извори.

 

Како глобалниот поттик кон одржливост добива на интензитет, ЕДС како дел од најголемата европска групација во Југоисточна Европа, се појавува како лидер во делот на снабдување со „зелена енергија“. Работејќи активно со компаниите на концептот „зелена потрошувачка“, ЕДС нудат снабдување со електрична енергија од обновливи извори, со што голем број од клиентите се снабдуваат со 100% зелена енергија. Секој клиент кој се одлучува за зелениот модел на снабдување од ЕДС добива официјален „сертификат за потекло“ на енергијата од обновливи извори. Овој сертификат се издава според европските стандарди и претставува доказ за зеленото потекло на енергијата што ја користат. Тоа е особено важно за извозно ориентирани компании, кои треба да ги исполнуваат ESG критериумите (еколошки, социјални и управувачки) во своето работење.

 

Компаниите, институциите и домаќинствата кои избираат снабдувачи со „зелено потекло“ испраќаат јасна порака: дека профитот не е спротивен на одговорноста, туку дека одржливиот развој е патот напред. Во време на глобални климатски предизвици, ваквите избори се повеќе од деловни – тие се етички, општествено значајни и неопходни за иднината. Потрошувачите имаат моќ да влијаат на пазарот и да ги охрабрат инвестирањата во одржливи извори, со што придонесуваат за почиста иднина за сите.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 09 април 2026 изнесува 103,01 евра за мегават час, на МЕМО 85,91 евра за мегават час

ЕДС со нова понуда на пазарот: 24 месеци фиксна цена на струја + подарок инвертер клима

Стабилност во време на нестабилност: ЕДС нуди две години фиксна цена на струја плус подарок клима

До 40% пониски сметки и вреден подарок: ЕДС со понуда што носи реална заштеда за бизнисите

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 03 април 2026 изнесува 108,30 евра за мегават час, на МЕМО 116,17 евра за мегават час

А1он

Фиксни цени, зелена енергија и стабилност: Како ЕДС ги поддржува бизнисите на нестабилен пазар

А1он