ЕДС со нова понуда на пазарот: 24 месеци фиксна цена на струја + подарок инвертер клима

Од:

Во услови на зголемена нестабилност на енергетскиот пазар, компанијата ЕДС претстави нова понуда за бизнисите, која за прв пат на пазарот комбинира долгорочна ценовна стабилност со конкретна додадена вредност.

Станува збор за договор за снабдување со електрична енергија на 24 месеци со гарантирана фиксна цена, што им овозможува на компаниите сигурност и подобро планирање на трошоците. Како дел од кампањата, клиентите добиваат и инвертер клима уред како подарок во вредност од 25.000 денари.

Според проценките, компаниите можат да остварат заштеда до 40% на сметките за електрична енергија, што ја прави оваа понуда една од најконкурентните на пазарот.

„Ова е првпат на пазарот да се понуди ваква комбинација – долгорочна ценовна сигурност и конкретна додадена вредност за клиентите. Во време на неизвесност, нашата цел е да им овозможиме на компаниите стабилност и предвидливост,“ изјави главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.

Од компанијата посочуваат дека понудата е креирана како одговор на реалните потреби на бизнисите, кои денес бараат повеќе од само цена – бараат партнер кој нуди сигурност.

Би можело да ве интересира

Energy Delivery Solutions Инфо Поинт

ЕДС меѓу Топ 200 најуспешни и најголеми компании

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 22 октомври 2026 изнесува 263,22 евра за мегават час, на МЕМО 249,48 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 16 октомври 2026 изнесува 269,24 евра за мегават час, на МЕМО 251,64 евра за мегават час

ЕДС меѓу ТОП 100 компании во земјата според приходите и ТОП 20 во својата дејност

Energy Delivery Solutions Инфо Поинт