Стабилност во време на нестабилност: ЕДС нуди две години фиксна цена на струја плус подарок клима

Од:

Во време кога енергетскиот пазар се соочува со ценовни флуктуации и неизвесност, компаниите сè повеќе ја препознаваат важноста на стабилен и сигурен снабдувач.

Со цел да одговори на овие предизвици, ЕДС ја лансираше својата нова кампања која нуди договор на 24 месеци со фиксна цена на електрична енергија, обезбедувајќи им на компаниите долгорочна предвидливост и контрола врз трошоците.

Како дополнителен бенефит, клиентите добиваат инвертер клима уред во вредност од 25.000 денари, што претставува практична инвестиција во енергетска ефикасност.

„Во вакви услови, компаниите не бараат само пониска цена – тие бараат сигурност. Нашата понуда е насочена токму кон тоа – да им овозможиме стабилност и доверлив партнер во време кога тоа е најпотребно,“ изјави Александар Сарџовски, главен извршен директор на ЕДС.

Тој додава дека изборот на снабдувач денес претставува стратешка одлука, која директно влијае врз финансиската стабилност на компаниите.

Би можело да ве интересира

Energy Delivery Solutions Инфо Поинт

ЕДС меѓу Топ 200 најуспешни и најголеми компании

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 22 октомври 2026 изнесува 263,22 евра за мегават час, на МЕМО 249,48 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 16 октомври 2026 изнесува 269,24 евра за мегават час, на МЕМО 251,64 евра за мегават час

ЕДС меѓу ТОП 100 компании во земјата според приходите и ТОП 20 во својата дејност

Energy Delivery Solutions Инфо Поинт