Седница на Совет на НБРМ

Од:

Советот на Народната банка на Република Македонија на денешната седница донесе oдлуката за изменување на Одлуката за задолжителната резерва, со која се предвидува продолжување на примената на нестандардната мерка за намалување на основата за задолжителна резерва на деловните банки за износот на новоодобрените кредити на нето-извозниците и на домашните производители на електрична енергија.

Основна цел на Одлуката, како што е наведено во соопштението на НБРМ, е да се обезбеди натамошна поддршка на двата системски значајни сектора на економијата. При донесувањето на оваа Одлука, Советот се раководел од досегашниот ефект што го имаше оваа мерка врз динамиката на кредитирањето, а со тоа и на целокупниот економски раст.

– Со оглед на тоа што ефектот е позитивен, односно го намали трошокот за финансирање на претпријатијата од двата сектора, но со помал интензитет од потенцијалниот, а имајќи ги предвид податоците што укажуваат на одредена неизвесност околу динамиката на кредитирањето на корпоративниот сектор во следниот период, Одлуката предвидува оваа нестандардна мерка да продолжи да се применува до 31 декември 2015 година, се наведува во соопштението.

Советот на денешната седница врз основа на предвидениот распоред за издавање ковани пари за колекционерски цели ги усвои одлуките за издавање кована пара за колекционерски цели „Стрелец“ и „Јарец“, од серијата „Хороскопски знаци“. Кованите пари „Стрелец“и „Јарец“, како што велат од НБРМ, ќе бидат во апоени од 10 денари.

Би можело да ве интересира

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво