Се заокружи второто тримесечје на Мој ДДВ за 2020, исплатата ќе се врши во август

Од:

Второто тримесечје од 2020 година за поврат на ДДВ кај физичките лица се заокружи на 30 јуни. Повратот на 15 посто од искажаниот промет во фискалната сметка, кај граѓаните за ова тримесечје ќе почне да се исплаќа во август 2020 година.

Како што соопшти Управата за јавни приходи (УЈП), во ова тримесечје за април, мај и јуни 2020 регистрирани се нови 24.974 корисници на апликацијата мој ДДВ, а скенирани се вкупно 41.650.814 фискални сметки, направен промет од 21.414.380.426 денари, а вкупниот поврат изнесува 334.556.243 денари, односно 5.440.000 евра.

– УЈП апелира до граѓаните да ги ажурираат податоците наведени во апликацијата со што би овозможила редовна исплата на повратот, се наведува во соопштението.

Оттаму посочуваат дека на граѓаните кои имале погрешно наведени податоци, а во меѓувреме ги коригирале, односно ги навеле точните податоци ќе им се исплати повратот за целиот период на скенирање.

Би можело да ве интересира

УЈП демантира дека го „пломвирала“ Пулс во декември минатата година

ДУИ: Во истрагата за „Пулс“ е неопходно да се покрене прашањето за улогата и одговорноста на УЈП

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

Петрова: Исплатата на МојДДВ и повратот на ДДВ за компаниите тече континуирано

УЈП: Поголеми ланци на маркети во земјава во четвртокот и петокот имаа помал промет

Прекин во работењето на системот е-Даноци