Се замрзнуваат цените и на оризот, тестенините и јајцата

Од:

На предлог на Министерството за економија, Владата на денешната седница донесе одлука за проширување на листата на производи за кои ќе важат цените кои се применувале на 1 декември 2021 година во трговијата на мало и на големо.

Листата се проширува со три нови основни прехранбени производи: ориз, јајца и тестенини“, напиша на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.

Според министерот, оваа одлука е со цел да да се превенираат евентуалните поскапувања на овие основни производи кои исто како и другите основни прехранбени производи масовно се користат во исхраната на населението.

„Оваа одлука е со цел да се спречи натамошно пореметувањата на пазарот и отстранат штетните последици од пореметувањето на пазарот во поглед на снабдувањето на населението со основните прехранбени производи“ се вели во Одлуката.

Исклучени се цените на привремените попусти кои важеле на 1 декември 2021 година.

Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година.

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка

Намален прометот во индустријата