Се уште се разговара за петтиот пакет, ништо не е прецизирано, велат од Стопанска комора

Од:

Се уште траат разговорите со Владата за петтиот антикризен пакет економски мерки, велат од Стопанската комора на Македонија.

Штом ќе се договори нешто конкретно, велат од Комората, јавноста ќе биде информирана.

-Засега се уште не се дефинирани конкретни мерки. Во тек се разговорите со засегнатите страни. Штом биде договорено нешто конкретно, ние ќе соопштиме. Засега нема ништо што би можеле да кажеме, не сакаме да се создаде конфузија и забуна за некоја активност што не е прецизирана, истакна денеска Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора, одговорајќи на новинарско прашање.

Претходно, на прес-конференцијата во Комората, претставниците од Групацијата за производство на месо и преработки од месо побараа да се вратат ваучерите „Купувај домашно“ и предупредија дека четвртиот и петтиот пакет мерки нема да го дадат посакуваниот ефект зашто не се правилно насочени.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со бизнисот ќе се заокружи инвестициска активност од 700 милиони евра, да креираме систем кој ќе донесе подобра иднина и повеќе работни места

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски

„Бехтел и Енка“ бара од Стопанска Комора да им обезбеди 4.000 работници за работа на автопатите

A1on

Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот

Ковачевски: СДСМ заедно со бизнис секторот ќе ја исполни целта за европска и развиена економија

Стопанската комора поднесе Иницијатива за уставноста на Законот за данок за солидарност