Се разгледаат опциите дали калориметрите ќе ги плаќаат граѓаните или компанијата снабдувач

Од:

Регулаторната комисија за енергетика ќе ги разгледа опциите дали поставувањето на мерните уреди за парно греење познати како калориметри ќе бидат на трошок на граѓаните или на компанијата снабдувач со топлинска енергија.

Од РКЕ велат дека кај зградите каде има хоризонтален систем може да се постават соодветни уреди за мерење, додека онаму каде што има вертикална инсталација, поставувањето на калориметрите не е едноставно. – Ќе се обидеме во рамки на Законот за енергетика, онаму кадешто може, да бидат поставени вакви уреди, истакнуваат од РКЕ.

Новото раководство на РКЕ најавува и изнаоѓање на решение за проблемот на граѓаните кои се исклучени од парно греење, а плаќаат надоместок. Велат дека ќе остварат средба со граѓаните од здружението „Но пасаран“ и со компанијата снабдувач на топлинска енергија.

Од мај следната година се очекува да биде донесена и нова методологија за утврдување на цената на нафтените деривати.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Грејната сезона завршува, доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија

Собраниска комисија нема да расправа за гасните централи и соларните паркови

Орце Костов

Граѓаните на Македонија плаќаат најскапа струја: Конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач би им донела пониски сметки

А1он

ЕСМ: Греењето во Скопје е исто за сите потрошувачи

Скопјани од ноември ќе плаќаат за 4,51 отсто поскапо парно

Орце Костов