Се очекуваат до 200 нови вработувања во инвестицијата вредна 13 милиони евра

Од:

Денеска во Кадино, општина Илинден, со свеченост беше пуштен во употреба нов производствено-логистички центар на најголемиот производител во месната и сувомесна индустрија во Македонија – Пекабеско АД. Објектот е изграден со инвестиционен кредит од 9.5 милиони евра преку Европската инвестициска банка (ЕИБ) и МБПР, сервисиран преку НЛБ Тутунска банка, а остатокот (3.5 милиони евра) се сопствени средства на компанијата.

Првиот извршен директор Слободан Кутревски пред присутните рече: „Во 2008 година почнавме со активности за барање нова локација поголема од дотогашната заради проширување на нашето работење. И во тие наши напори добро ни дојде одлуката на владата за продавање на градежно неизградено земјиште под поволни услови, па така на јавно наддавање во јуни 2009 година го купивме ова земјиште со површина од близу 4 хектари. Со градба почнавме во септември 2010 година, а завршивме во октомври 2012.”

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, во својот говор пред присутните истакна: „Центарот е изграден по сите европски и HACCAP стандарди за производство на сувомесни производи. Фабриката има дневен капацитет за производство од 35 тони на ден, конфекционирање на свежо месо, производство на паштети, складирање и расекување на свежо месо, пакување на смрзната риба, пакување на смрзнат зеленчук и овошје и магацини со 7000 палетни места на сите режими на лагерување. За сето ова да се постигне ќе бидат потребни најмалку 30 тони свежо или замрзнато месо како суровина дневно. За сето ова ќе бидат потребни најмалку 30 тони свежо или замрзнато месо како суровина дневно.”

Иако на почетокот се обезбедени 50 нови работни места, кога ќе го достигне својот полн капацитет, центарот ќе вработува вкупно дополнителни 200 луѓе. Ова е трета локација за производство на Пекабеско АД. Постоечкиот центар во Шуто Оризари, каде Пекабеско беше 26 години не ги задоволуваше плановите за раст на компанијата проширувањето на работењето на компанијата. Технолошкото решение за изградба на објектот го направи швајцарска компанија запазувајќи ги сите европски нормативи и стандарди во производство и дистрибуција за центарот да добие и европски извозен број.

Би можело да ве интересира

Државата наплатила 62 милиони евра од патарини годинава, за три години приходот е двојно зголемен

Орце Костов

Вицепремиерот Битиќи на средба со странските инвеститори: Системски ја засилуваме предвидливоста на деловното опкружување за нови инвестиции

А1он

До 31 мај компаниите може да аплицираат за склучување на договори за финансиска поддршка на инвестиции

„Јагео” влегува со 205 милиони евра инвестиција и ќе отвори 4 000 работни места

Катерина Ѓуровски

Тајвански „Јагео“ влегува во земјава, најголема гринфилд инвестиција од осамостојувањето

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачевски: Нова инвестиција на германски „Кил“ од 9,2 милиони евра и нови 150 работни места

Горан Наумовски