Се очекува големо поскапување на горивата

Од:

Цената на барел нафта порасна на 62 долари на меѓународните берзи поради немирите во Либија кои ја загрозуваат испораката од блискиот исток.

На лондонската берза нафтата поскапи за 66 центи и се тргуваше по цена од 62 долари. На американскиот пазар, барел „брент“ се продаваше за 43 центи повисока цена за 53,21 долар.

Регулаторната комисија за енергетика, пред минатиот понеделник ја зголеми малопродажната цена на нафтените деривати за 3,5 односно 2,5 денари по литар. Тогаш просечната цена на суровата нафта на светските берзи изнесуваше 51.038 долари за барел.

Сега, цената на лондонската берза врз основа на која се формираат малопродажните цени е за 11 долари по барел повисока или за повеќе од 20%. Тоа значи дека идниот понеделник можеме да очекуваме големо поскапување на бензините во Македонија. Проценките се дека цената и можела да оди нагоре за 4 до 5 денари по литар.

Би можело да ве интересира

Спречен обид за шверц на 50 тони дизел гориво декларирано како базно масло

Тетовец крадел гориво од автомобили

Енергетската криза предизвикана од војната во Украина го обнови интересот за нуклеарната енергија

А1он

Горивата во Црна Гора најевтини во регионот

А1он

Марин: Бевме наивни, мора што побрзо да се ослободиме од руските фосилни горива

А1он

Драстично зголемување на цената на горивата во Германија

А1он