Се очекува да се зголеми БДП на Албанија

Од:

Бруто домашниот производ (БДП) на Албанија оваа година се очекува да се зголеми за 1,8 отсто, според извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка.

Во документот Светската банка ја истакнува важноста на структурните реформи и намалувањето на долгот на Албанија.

Двете финансиски институции и препорачуваат на новата Влада да се придржува кон фискалните норми и да соработува за зачувување на финансиската стабилност во Албанија.

Се смета дека јавниот долг на Албанија е повисок, отколку во други земји од регионот, како Хрватска, Србија и Македонија. Според податоци на Министерството за финансии, јавниот долг на Албанија е околу 6,2 милијарди евра и составува 62,4 отсто од БДП на земјата.

Би можело да ве интересира

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин