СДСМ: Зошто Власта е алергична на зборот штедење?

Од:

СДСМ реагира  со соопштение на однесување на власта во врска со нивниот план на штедење .
Власта, велат  ја впрегна целата своја пропагандна машинерија за да создаде лажна слика во јавноста, за планот за штедење на СДСМ.
„Во изминатите години, Владата на Никола Груевски издвојуваше огромни суми државни пари за непродуктивни трошоци, од кои голем дел отпаѓаат на мегаломанскиот проект „Скопје 2014“. По неколку години постојано расфрлање со парите на граѓаните, оваа погубна политика на Владата очекувано создаваше сè поголема дупка во Буџетот.За да ја пополни оваа дупка, а во исто време да продолжи да троши непродуктивно и за луксуз, Владата неконтролирано ја задолжуваше земјата“, стои во соопштението.

Токму тоа, велат од СДСМ,  е основната причина поради која го изготвиле  планот за штедење. Со овој план се заштедуваат 204.8 милиони евра, само кај непродуктивните и неприоритетните трошоци Владиниот буџет за наредната година, а со тоа се отстрануваат причините поради кои Македонија се задолжува дома и во странство.

„Со планот за штедење, во буџетот ќе има пари и за покачување на пензиите и за плати на администрацијата, субвенции за земјоделците, социјална помош, како и за сите останати социјални трансфери.Дополнително, потенцираме дека со планот за штедење не се засегнати парите за продуктивни и приоритетни капитални инвестиции: железничка инфраструктура, амбулантни возила, медицинска опрема, водовод и канализација во општините, гасификација, социјални станови, објектите за социјална заштита, автобуси за јавен градски превоз, студентски домови, инфраструктурата,  во одбраната“, потенцира СДСМ .

Велат  сè што бараат  Владата да направи, е таа самата да го стегне ременот, да се откаже од сопствениот комодитет и во време на криза, да се однесува исто како што се однесува секое семејство или претпријатие во Република Македонија.

Власта, велат од СДСМ,  покажува паника не затоа што е загрижена за пензионерите, земјоделците, вработените во администрацијата, или социјално загрозените семејства, туку затоа што и се загрозени парите со кои планираше да победи на изборите.

„Таа целата своја енергија ја употребува за напади врз опозицијата поврзани за работата на собранието, а целосно одбива да даде одговор на неколку клучни прашања?

Зошто во 2013-та година и се потребни повеќе пари за патувања, дневници и останати трошоци за комодитет?

Зошто не сака, во време на незапаметена криза, да го запре проектот Скопје 2014?

Зошто, под ниту еден услов, не сака да се откаже од скапите и целосно непотребни владини кампањи?

На крајот, зошто е Власта алергична на зборот штедење? Како тоа граѓаните и фирмите прават огромни напори да заштедат во рамките на своите буџети, а Власта токму спротивното, предлага буџет во кој си ги зголемува средствата за комодитет и себепромоција?“, прашува СДСМ.

Според СДСМ  недозволиво е , да се задолжуваат идните генерации и да се доведува под прашање иднината на земјата, само за да може Владата сега да се луксузира и да ги злоупотребува парите на граѓаните.

Повторуваат  дека ќе ги искористат сите средства кои ги имаат на располагање и сите демократски механизми за да ја спречат власта да ја одведе Македонија во грчкото сценарио на презадолженост и банкрот.

„На Владата уште еднаш и го повторуваме нашиот став: планот за штедење е добар план за сите граѓани на Република Македонија и доколку таа прифати да штеди и да ги вгради предлозите од планот за штедење во буџетот, СДСМ ќе ги повлече сите амандмани и заеднички ќе го донесеме буџетот за 2013 година“, стои во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Деспотовски: Заедно со еден посветен тим работиме на нов концепт за враќање на интегритетот на СДСМ

Горан Наумовски

Потврдено повлекувањето на Ковачевски, директни внатрепартиски избори во јуни

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ