СДСМ: Во 2019 година продолжуваат инвестициите во аграрот

Од:

„Во оваа 2019 година Владата предводена од СДСМ обезбедува поголема грижа, повеќе пари за земјоделците, капитални инвестиции и силна поддршка за земјоделството.

Земјоделците добиваат 10,5 милијарди денари или околу 160 милиони евра.

Во 2019 година за првпат во историјата ќе се реализира и мерката „зелена нафта“, односно поддршка на земјоделските стопанства од 30 отсто при набавка на гориво за земјоделска механизација. Оваа мерка ќе ги намали трошоците за производство на земјоделците.

Минатата 2018-та беше година на повеќе пари за земјоделците, на крупни инвестиции во земјоделството, водостопанството, во развојни мерки, ИПАРД програми.

Се реализираа крупни инвестиции во водостопанствотото, започна изградбата на браната Конско во Гевгелија, изградба на системот за наводнување на тетовски Полог, обезбедени се 28 милиони евра за системите за наводнување Лисиче во Велес и Чашка, како и Јужен Вардар трета фаза.

Младите фармери добија најголема поддршка досега со исплатени околу 4 милиони евра за грантови.

Силно се поддржа лозарството. Земјоделците добија историски највисока цена на откупот на тутунот од 217.6 денари за килограм како и највисока цена во последните 6 години на откупот на грозјето (13.55 денари за вранец а 12.25 за смедеревка).

Склучени се договори за набавка на над 700 трактори на оние на кои им се најпотребни.

Во 2018 година склучени се рекорден број договори преку ИПАРД програмата.

ЕУ одобри нови 15 милиони евра за конкретни проекти во земјоделството.

Светска банка, го поддржа земјоделството во Македонија, со околу 30 милиони евра . Утрвдени се приоритетите на инвестирање на овие средства, прв приоритет се нови откупно – дистрибутивни центри и решавање на пласманот.

Во 2019 следуваат нови мерки за поддршка на интегрирани проекти во преработувачката индустрија, зголемена поддршка на сточарството, мерки со кои ќе се влијае на зголемување на извозот, откупот и на примарното производство“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бесмислена и нефункционална е мерката на Владата за објавување на цените

А1он

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат директно одговорните за трагедијата

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

СДСМ: На Велиген власта остави работници од повеќе институции без плата

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса