СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири лажни вести, а Мицкоски да одговори на прашањата за неговото раководење со АД ЕЛЕМ

Од:

„Христијан Мицкоски седум дена се крие од јавноста и не дава одговори на прашањата поврзани со договорите вредни 10.5 милиони евра, склучени во неспоредни спогодби, во период кога тој раководел со ЕЛЕМ, а неговата партија ВМРО-ДПМНЕ неколку денови измислува скандали и шири лажни вести за работата на АД ЕЛЕМ.

Иако АД ЕЛЕМ јавно, аргументирано и транспрентно ги демантира лажните вести, ВМРО-ДПМНЕ очајнички продолжува да измислува наводни скандали во обид да ги прикрие информациите поврзани со работењето на нивниот претседател Мицкоски во времето кога раководел со АД ЕЛЕМ.

ВМРО-ДПМНЕ не може да разбере дека наместените тендери, незаконското работење и партизацијата на државните и јавните претпријатија заврши со нивното заминување во опозиција. АД ЕЛЕМ, РЕК Битола и останатите државни и јавни претпријатија работат одговорно, отчетно, домаќински и во интерес на државата и нејзините граѓани“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференција на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Љутков постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Прашање на време е кога ќе им се распадне, Филипче за владината коалиција

Катерина Ѓуровски

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он