СДСМ: Субвенциите се исплатени, ВМРО-ДПМНЕ лаже

Од:

„Преку своите партиски контролирани кадри, ВМРО-ДПМНЕ направи очајнички обиди да ја блокира исплата на субвенциите за тутунот, а денеска, без никаков срам предлага мерки кои се веќе реализирани. Заврши времето на ВМРО-ДПМНЕ кога субвенциите се делеа селективно и со доцнење.

ВМРО-ДПМНЕ со години ги користеше субвенциите за да врши притисок, уцени и манипулации врз земјоделците. Додека земјоделците ги чекаа субвенциите што редовно им доцнеа, ВМРО-ДПМНЕ ги трошеше парите на граѓаните на луксуз, скапи мерцедеси, лажен барок и преплатени споменици. Колку ВМРО-ДПМНЕ се грижи за потребите на земјоделците, докажува и фактот што кадрите поставени од ВМРО-ДПМНЕ во институциите, до последен ден ја кочеа исплатата на субвенциите.

И покрај бројните опструкции, Владата предводена од СДСМ ги отстрани сите пречки и навремено ги исплати субвенциите за 21 000 тутунопроизводители, а во тек е процедура за надминување на пречките за исплата на субвенции за уште стотина тутунопроизводители кои наскоро ќе ги земат субвенциите што им следуваат“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Цветин Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Битиќи: Граѓаните тонат во сиромаштија, пратениците да го прифатат предлогот на СДСМ за ДДВ на струја и храна

СДСМ не знае да чита документи, одговор од Министерството за животна средина за обвинувањата за Меџити

СДСМ тврди дека поседува документи за вмешаност на Меџити во злоупотреби и сомнежи за корупција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Кузеска: За робусниот скандал на Меџити со вработување на 3.000 партиски војници мора да има одговорност

А1он

СДСМ: Меџити спроведува робусна партизација со 3.000 партиски кадри, а Мицкоски молчи

А1он

ВМРО-ДПМНЕ реагира на пресот на СДСМ: Лага е дека ќе се вработуваат 3000 лица