СДСМ: Странските гринфилд инвестиции зголемени за 200 отсто

Од:

„По 11 години изолација и стагнација, економијата се движи во добар правец.

Напредокот во економијата е потврден и во годишната анализа за економските реформски програми на Европската комисија којшто констатира дека економскиот раст во земјава повторно зема залет и дека изгледите се позитивни.

Официјалните податоци на ФДИ Интеленџенс, сервис на Фајненшел тајмс, потврдуваат дека во периодот од јуни 2018 до мај 2019 во Република Северна Македонија регистрирани се 184,4 милиони долари странски гринфилд инвестиции.

Тоа е раст од 200 отсто на гринфилд инвестиции во споредба со 2017 година“, се вели во соопштението на СДСМ.

„За само две години, вработени се околу 50.000 граѓани, а од нив дури 48.000 граѓани се вработени во реалниот сектор.

Овие официјални податоци се признание за економските реформи на Владата предводена од СДСМ преку кои економијата е стабилизирана и постојано расте.

Како државотворна и одговорна партија која за единствен приоритет ги има граѓаните,остануваме целосно фокусирани на развој на економијата, отворање на нови работни места, враќање на парите кај граѓаните и обезбедување на повисок животен стандард“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: На 8 мај гласајте за напредок, стабилност и за европска иднина на државата

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он