СДСМ: Ставаме крај на расипничкото трошење и на нереалните проекции и ги намалува долговите

Од:

„Tајното и расипничко задолжување што ВМРО-ДПМНЕ го правеше за криминално богатење и луксузирање на сметка на осиромашените граѓани, резултираше со јавен долг од над 50% од БДП и околу 180 000 граѓани кои живееа со само 40 денари дневно.

Таквото безобразно и нерационално трошење на парите на граѓаните заврши. Новата Влада предводена од СДСМ преку одговорно работење за само неполни два месеца врати 122 милиони евра за долгови, а вкупниот долг успеа да го намали за околу 55 милиони евра.

Новата Влада предводена од СДСМ става крај на расипничкото трошење и на нереалните проекции, а парите ги враќа назад кај граѓаните. Предвидените средства од задолжувањата на домашниот пазар се со цел да се обезбеди навремена и целосна реализација на Буџетот по најповолни услови“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Битиќи: Над 75 отсто од граѓаните се за членство во ЕУ, власта да каже која е алтернативата

Горан Наумовски

СДСМ: Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија

СДСМ: Албанија ќе биде запад за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги прекина преговорите со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ВИДЕО) Филипче: Раздвојувањето на Албанија и Македонија е катастрофа за иднината на граѓаните

Горан Наумовски