СДСМ: Со предлог Буџетот за 2019 за детска заштита се обезбедуваат дополнителни 2,2 милијарди денари

Од:

„Предлог Буџетот за 2019 година изготвен од Владата предводена од СДСМ, обезбедува социјална праведност, повеќе пари кај граѓаните и поголема помош за секое семејство.

Со реформираниот систем на социјална и детска заштита во 2019-тата година се обезбедуваат дополнителни 2,2 милијарди денари.

Обезбедуваме социјална праведност, повеќе пари кај граѓаните и поголема помош за секое семејство.

За повеќе од 60.000 деца се воведува образовен и детски додаток, а се воведува и минимален гарантиран приход.

Овој надоместок освен примателите на гарантираниот минимален приход ќе можат да го користат и домаќинствата со минимална плата

Се олеснува пристапот до социјален надоместок на постојаните домаќинства кои во моментот се приматели на социјална помош, но се создава можност и за дополнителни 11.000 домаќинства.

Со темелната реформа на социјалниот систем и детската заштита што ја изготви Министерството за труд и социјална политика, за 300 проценти ја зголемуваме социјалната помош, но имаефикасни и долгорочни решенија за извлекување од сиромаштијата“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Неспособната власт со денови ги остави пациентите на Онкологија без лекови

А1он

СДСМ: Вината за хаосот на Онкологија е кај Клековски, Стојковски и Таравари

А1он

Ристова: СДСМ поддржува минимална плата од 31.500 денари

А1он

СДСМ: По скандалозната одлука за 27 април очигледно е дека заканите на Мицкоски кон судството даваат резултат

СДСМ: Власта создаде хаос и го врати македонското образование една деценија назад

Мафија на смртта е виновна за колапсот на Онкологија според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ им одговори место авион да набават лекови

Катерина Ѓуровски