СДСМ: Се зголемува интересот за инвестирање во Македонија

Од:

„Лажни вести се информациите дека странски инвеститори заминуваат од земјата. Интересот на инвеститорите се зголемува.

Со лажните вести што ги пласираат Христијан Делев и ВМРО-ДПМНЕ не можат на ниту еден начин да ги засенат ефектите што Владата предводена од СДСМ ги постигнува со објавувањето на Планот за економски раст кој овозможува еднакви услови за инвестирање на домашните и странски инвеститори на транспарентен и отворен начин.

Заврши времето во кое ВМРО-ДПМНЕ трошеше 225 милиони евра на граѓаните, тајно, за неефикасни политики и за полнење на приватни џебови во врвот на партијата.

Лажните вести нема да и помогнат на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Граѓаните на претстојните локални избори ќе го казнат криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и на локално ниво“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата