СДСМ: Рекордни 1.1 милијарда денари за Оперативниот план за вработување во 2019

Од:

„Со Оперативниот план за вработување за 2019 година обезбедени се рекордни средства од 1.1 милијарда денари за отворање нови работни места, раст на платите, поддршка за вработување на лица со попреченост, обуки за побарувани занимања и занаети и за дигитални вештини, при што се опфатени и поединците и компаниите.

Оперативниот план отвора шанса за сите. Во него се содржани шеснаесет мерки, поделени во три групи.
Првата група мерки се насочени кон младите лица за формирање на сопствени компании односно самовработување, со втората група мерки овозможува преку процес на преквалификација и обука, компаниите да вработуваат невработени лица, додека последната група мерки е насочена кон стекнување на знаења од информатичка технологија.

Реализацијата на Оперативниот план за вработување за 2018 година беше со реализација од 95 отсто, при што преку мерките од планот се вработија 3.934 граѓани, што докажува дека Оперативниот план е исклучително ефикасна алатка за намалување на невработеноста.

Истовремено, откако минатата година даде добри резултати во трите општини во кои се спроведуваше, од оваа година мерката Гаранција за млади ќе се спроведува на целата територија на државата, а проекциите се дека со неа ќе бидат опфатени околу 9.500 млади лица, кои че добијат шанса за вработување, доквалификација или платена практична работа.

СДСМ останува посветена на заложбата за зголемена поддршка на граѓаните и компаниите како и на спроведување на мерките што обезбедуваат нови работни места, повисоки плати и намалување на стапката на невработеност за којашто проекциите за оваа година се дека ќе опадне на историски минимум од 20 отсто“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Голем интерес за сезонска работа: Рекорден број на агенции за вработување странци во Хрватска

А1он

Османи: Сестра ми работи во М-НАВ веќе 15 години, за критериумите прашајте ги таму

Влада: Над 4.800 нови работни места во ТИРЗ за три години, во октомври рекордно 17.769 вработени граѓани

Новиот поткаст: „Што го врти светот?“ со Јована, почнува денеска во 20 часот

На граѓаните не им се работи во „Бехтел и Енка“: Стигнале само 360 апликации за 2.000 работни места

A1on

Груби ги кани невработените да се запознаат со работата на „Бехтел и Енка“, а тие уште не почнале да градат

A1on