СДСМ: Повисоки плати и пензии со заштеди од 200 милиони евра со ребалансот на Буџетот

Од:

Со ребалансот на Буџетот, утврден од страна на Владата предводена од СДСМ се кратат непродуктивни трошоци во висина од 200 милиони евра, кои ќе се пренаменат за надминување на последиците од светската економска криза велат од СДСМ.

– Средствата ќе бидат наменети за заштита на животниот стандард на граѓаните, особено ранливите категории, за финансиска поддршка на ликвидноста на компаниите и поголеми субвенции за земјоделците со цел зголемено производство на храна. Заштитата и унапредувањето на стандардот на граѓаните е врвен приоритет за Владата предводена од СДСМ. И во време на светска економска криза минималната плата ја зголемивме на 18.000 денари, а просечната плата се искачи на 31.080 денари што е реализација на клучното ветување за просечна плата од 500 евра. За 15 отсто ќе се зголемат платите на вработените во образованието и детската заштита, а следува и раст на пензиите. Максимално одговорно, посветено и ефикасно, СДСМ продолжува со реализација на мерки и политики кои го унапредуваат животниот стандард и во време на светска економска криза, обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

А1он

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Љутков постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки