СДСМ: Погледнете што прави Миноски за Груевски, за задолжување од 78 милијарди лаже дека е нула, ќе одговара!

Од:

Кирил Миноски и неговите соработници во Министерството за финансии ги лажат граѓаните преку официјалната Веб страница на министерството.

Погледнете ја една од насловните вести со бомбастичен наслов дека бил вратен некаков долг кон стопанството и дека задолжувањето на домашниот пазар се приближило кон 0?!

Но според податоци, јавно објавени исто така на друг дел од Веб страницата на Министерството за финансии, јасно стои и движењето на задолжувањата од оваа власт по месеци и вкупниот долг на домашниот пазар.

Во јуни 2016 година, како што може да се види од извадокот во прилог, задолжувањето на земјава на домашниот пазар не само што не е 0 туки изнесува милијарди денари, односно 79.793.960.000 денари или 1 милијарда и 300 милиони евра!

Capture2

Миноски и соработниците не смеат да ги лажат граѓаните преку официјална Веб страница на Министерството за финансии коешто не е приватна сопственост на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ туку е државна институција! За тоа се одговара!

Кирил Миноски не може да ги сокрие задолжувањата на домашниот пазар со коишто продолжува оваа расипничка власт.

Миноски веќе направи кривично дело со тоа учествуваше во незаконското задолжување на граѓаните од 450 милиони евра преку еврообврзницата, за што ќе одговара.

Никој нема да биде амнестиран за финансиското злосторство на оваа власт со народни пари направено на сметка на граѓаните на Република Македонија.

Ваквите испади не го амнестираат Кирил Миноски од неговата кривична одговорност за незаконското издавање на еврообрвзницата од 450 милиони евра и од новите незаконски дела со аукциите на домашниот пазар во коишто се впушта,соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство