СДСМ: Обвинетиот Груевски сам призна дека економијата му е статистичка грешка!

Од:

Обвинетиот Никола Груевски самиот потврди дека нема вистински економски раст во Македонија. Груевски призна дека со години Македонија е на ниво на 3 процентен економски раст, а ваков процент на “раст“ во светот се третира како статистичка грешка, велат од СДСМ.

„Никола Груевски со неговите криминални политики за фамилијата ги уништи животите на над 500.000 граѓани кои сега живеат под прагот на сиромаштија.

Поради неподносливите услови за живот од тендер политиките на Груевски,
626.312 граѓани ја напуштија Македонија.

Поради овие вистини Груевски не може да ги погледне граѓаните во очи. Затоа пишува таканаречени колумни во коишто проѕирно се правда за економскиот крах.

Доаѓа нова Влада со План за вистински економски развој на Република Македонија“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Опозициската коалиција ја јакне соработката со нов договор

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски да ја разреши Кочовска за навредите

А1он

Димитриеска-Кочоска: За мене завршена е темата за инцидентот со пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска

Гаши: Владата треба да биде внимателна во Собранието како се однесува кон пратениците

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

(ВИДЕО) СДСМ: Кочоска да си даде оставка, министерка која понижува граѓанка не заслужува да води министерство

Горан Наумовски