СДСМ нема да гласа за ребалансот на буџетот

Од:

Собраниската Комисија за финансирање и буџет на денешната седница ја заврши амандманската расправа по предложениот ребаланс на Буџетот за 2013 година. Од поднесените амандмани, не беше прифатен ниту еден. Амандмани на предложениот ребаланс поднесе пратеничката група на ДПА. СДСМ најави дека нема да гласа за предложениот ребаланс и дека нема да поднесе амадмани.

Расправата по Предлог реабалансот на Буџетот за 2013 година во Комисијата за финансирање и буџет почна на 7-ми овој месец.

Со предложениот ребаланс се додаваат средства на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и на Министерството за обрзование и наука. Според предлогот, во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување се додаваат 1,34 милијарди денари заради повисоките расходи во однос на индексацијата и дополнителни и 430 милиони денари во МОН за опремување лаборатории.

Средствата во овие ставки не се пренаменети, туку проширен е дефицитот на 3,9 проценти, а финансирањето е од Буџетот.

Со ребалансот нема да има кратење на реализацијата на капиталните инвестиции која оди добро и во првите осум месеци е 10 проценти повеќе од минатата година и се очекува до крајот на годината да се оствари предвидената реализација.

Кај другите ставки во Буџетот за 2013 година позначајни промени нема и другите позиции остануваат во рамки на проектираното.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата