СДСМ: Не се точни тврдењата дека се откупени 94 отсто од пченицата

Од:

Не е точно тврдењето на министерот за земјоделство Љупчо Димовски дека досега се откупени 94 проценти од годинешната пченица, ниту дека просеќната цена е 11 денари, реагира денеска СДСМ.

Според партијата која се повикува на анализи од терен, во Пелагониско над 50 проценти од годинашниот род стои во вреќи по дворовите и амбарите на земјоделците.

– Ова не е тешко да се провери. Доволно е само министерот Димовски да ги посети пелагониските села и самиот да се увери колку пченица стои неоткупена. Земјоделците знаат дека пченицата ја даваа за најмногу 10 денари за килограм, посебно оние најсиромашните, кои се мачат да обезбедат средства за елементарни потреби, комбајн, струја или вересии по продавниците и земјоделските аптеки, стои во реакцијата на СДСМ по изјавата на министерот Димовски.

Би можело да ве интересира

Каранфилова Пановска: Европа е реална можност за подобар живот, но земјава е ставена во авто блокада

А1он

(ВИДЕО) Костова: Да покажеме човечност и грижа – СДСМ ја повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани

А1он

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Љутков постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки