СДСМ: Над 24 милиони евра за нов систем за наводнување во валандовскиот регион

Од:

„Владата предводена од СДСМ останува посветена на унапредување на земјоделството и вистинска грижа кон земјоделците.

Потпишан е договорот за реализација на проектот „Програма за наводнување на јужна Вардарска долина втора фаза“, кој што ќе обезбеди модерен систем за наводнување на земјоделските површини и намалување на трошоците за наводнување за земјоделците од валандовскиот регион.

Инвестицијата во вредност од над 24,3 милиони евра се состои од главна и секундарна мрежа за наводнување во вкупна должина од 85 километри. Со изградбата освен што ќе се намалат трошоците за наводнување, ќе се зголеми и опфатот на површини кои ќе се наводнуваат од новиот систем. Ако досега со системот се наводнуваат околу 1.600 хектари, по реализација на проектот ќе бидат опфатени над 2.000 хектари обработливо земјоделско земјиште.

Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство продолжуваат со спроведување на мерките и политиките кои го олеснуваат животот на земјоделците и го развиваат и унапредуваат земјоделството како една од клучните стопански гранки“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

СДСМ: На Велиген власта остави работници од повеќе институции без плата

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Да се извини Филипче и СДС што го лажеше народот дека „Бугари во Устав” се единствениот услов за напредок на државата

СДСМ: Со апсење само на поранешни полицајци истрагата за Кочани станува фарса

(ВИДЕО) Зекири: СДСМ бара оставка од Таравари по скандалот на Кардиохирургија, ова е хумана катастрофа!

Горан Наумовски

СДСМ за скандалот во Неготино: Пет пати повисоки цени за пазарот, институциите мора да реагираат