СДСМ: Минималната плата мора да продолжи да расте, го поддржуваме ССМ во барањата

Од:

Не станува збор за тоа колку е долга чергата, туку колку покачувањето на минималната плата е приоритет за оваа Влада. Историјата не учи дека за ВМРО-ДПМНЕ никогаш не е приоритет покачување на минималната плата и грижа за оваа категорија работници, ниту пак дијалог со синдикатите. Седум години СДСМ обезбедуваше пари за плати во време на најголемите економски и здравствени кризи. ВМРО-ДПМНЕ единствено бара изговори за да ја смени политиката на покачување на платите која СДСМ доследно ја спроведуваше. Ова директен удар врз стандардот на граѓаните и враќање кон раст на социјалните разлики во општеството.

СДСМ застанува на страна на работниците. СДСМ им дава поддршка на синдикатите да продолжат ревносно да се борат и да ги бараат своите права, исто како што тоа го правеа во време на Владата на СДСМ. Да бидат гласни и доследни, а СДСМ ќе биде нивни сојузник во остварување на правата. Социјадемократскиот Сојуз на Македонија силно верува дека секој работник треба да добие правичен надомест за вложениот труд и од оваа политика нема да се откажеме.

За 7 години минималната плата беше зголемена четири пати, од 8.000 денари на 22.000 денари. Заедно со Синдикатите се утврди и методологија за постојан пораст на минималната плата. Одговорност на Мицкоски и Владата на ВМРО-ДПМНЕ е да продолжи растот на минималната плата и да престане да бара изговори. Работниците тоа го заслужуваат, да имаат достоинствени примања, коментираат преку соопштение од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Историски најголема партизација, 3000 партиски кадри ќе вработи Изет Меџити

Венко Филипче единствен кандидат за претседател на СДСМ за партиските избори на 16 март

Просечната плата во декември 43.587 денари

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Меџити најавува илјадници партиски вработувања, се спрема масовна партизација пред изборите

СДСМ: Власта со месеци не го основа Инспекторатот за употреба на македонски јазик

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се против реформи во правосудството затоа што ќе нема место за оние на нивен телефонски повик како Кацарска, Трпков, Коцевски и Рускоска