СДСМ: Ја зголемивме минималната плата на 18.000 денари, ВМРО-ДПМНЕ останува против работниците

Од:

„Исполнивме уште едно ветување пред граѓаните, минималната плата ја зголемивме на 18.000 денари. Мартовската плата на 80.000 граѓани ќе изнесува 18.000 денари, или 45 евра повеќе за секој работник“, соопшти СДСМ.

„Во време на ВМРО-ДПМНЕ работниците едвај добиваа 8.900 денари минимална плата, бидејќи тогаш ВМРО-ДПМНЕ минималната плата ја држеше замрзната, и до денес се противи на раст на минималната плата.

Груевски и Мицкоски ја промовираа нашата земја како рај за евтина работна сила.

Чисто лицемерие е тврдењето на Мицкоски дека ја поддржува минималната плата. Освен неговите економисти кои јавно се противат на покачувањето на минималната плата, Трајко Славески и Данела Арсовска се први на фронтот за спречување на раст на платите.

ВМРО-ДПМНЕ докажа дека е партија против работниците, во изминатите четири години ги блокираше сите закони кои беа во интерес на покачување на платите на граѓаните.

За разлика од нив, СДСМ ја покачи минималната плата на 18.000 денари, со што за 4 и пол години имаме двојно покачување од минималната плата од онаа од времето на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ продолжува да ги штити работниците и да ги поддржува компаниите“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ нема да трпи уцени, ќе пропаднат обидите да се подели партијата

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески

Меџити не кажува дали Уставните измени остануваат услов за формирање на влада: Сега сме фокусирани на победата

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

СДСМ: Бојкоти и црни сценарија се одлика на ДПМНЕ

СДСМ: Нема откажување, повикуваме на мобилизација на сите прогресивни сили на 8 мај

Горан Наумовски