СДСМ: Хајка против Бехтел и Енка, сите лаги на Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ против коридорите

Од:

„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против најголемата инвестиција во инфраструктурата вредна 1,3 милијарди евра. Долг е списокот на лаги што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ свесно ги шират за изградбата на делниците од коридорите 8 и 10Д. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ свесно лажат дека 70 отсто од работниците ќе бидат од странство“, соопшти СДСМ.

„Лажат и дека работниците од странство ќе работат без работни дозволи, лажат дека ќе се зголемат работните часови, како што лажат дека државата ќе плаќа пенали доколку не се променат одредени закони.

Скандалозно, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски прват хајка против реномирана американска компанија каква што е Бехтел.

Проектот се реализира согласно Законот за утврдување на јавен интерес за номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 и коридор 10 е донесен во 2021 година и оттука сите лаги на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ паѓаат во вода.

Додека СДСМ реализира децениски стратешки проекти, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се противат на секој успех на државата.

Затоа ги очекува нов пораз од граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата