СДСМ: Фискалните сметки во рака за поврат на 15% од ДДВ

Од:

„Една од клучните мерки на Владата предводена од СДСМ со која се враќаат парите кај граѓаните, започнува со реализација.

Фискалните сметки во рака, за поврат на 15% од ДДВ.

Преку проектот „Мој ДДВ“ вкупно околу 50 милиони евра завршуваат кај граѓаните на крајот на годината“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Повратот на ДДВ од 15 отсто значи доход плус во семејниот буџет.

Едноставноста на постапката при користење на оваа мерка ја прави широко достапна. При тоа, секоја фискална сметка преку купување или користење на услуга граѓаните ја скенираат преку мобилниот телефон и ја испраќаат преку соодветна апликација направена за таа намена.

По низата мерки преку кои граѓаните веќе ги чувствуваат придобивките, Владата предводена од СДСМ продолжува со заложбите за поголем економски раст, повеќе пари во семејниот буџет на граѓаните и повисок животен стандард“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он

СДСМ: Во нас работниците имаат искрен партнер и сојузник

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

Филипче: СДСМ нема да трпи уцени, ќе пропаднат обидите да се подели партијата

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески